По повод лансирањето на играниот филм El Camino: A Breaking Bad Movie, кој всушност го претставува епилогот на популарната играна серија Breaking Bad, бразилскиот огранок на пица-брендот Domino’s ја претстави новата интерактивна кампања: “Domino’s Pizza on the Roof” („Доминос пица на покривот“).
Кампањата е референца кон една од најпознатите сцени во серијата Breaking Bad, кога главниот протагонист Валтер Вајт фрла пица на покривот од неговата куќа.
Кампањата всушност претставува игра во која фановите на брендот треба да забележуваат кутии за пица на покривите од повеќе Domino’s локали ширум Бразил. Првиот човек кој ќе ги пронајде и фотографира сите кутии ќе добие бесплатна пица цела година.
Фотографиите од пронајдените пица-кутии треба да се објават на Инстаграм со хаштагот #saymyname и на нив да биде означен профилот на Domino’s Pizza Brazil @dominospizzabrasil.
Позади кампањата стои независната агенцијата Gut од Сао Паоло.