На конференцијата MASIT 2.0 RECODE REALITY, која што ќе се одржи на 3 декември во Скопје, меѓу главните говорници ќе биде Пјетро Марини, Group Head of Innovation во Deltatre – светски лидер во спортски и медиумски технологии.
Марини ќе говори на темата „Inside the AI Playbook: Innovation Transforming Sports, Media, and User Experiences“, осврнувајќи се на тоа како најновите AI технологии отвораат сосема нови можности, ги редефинираат корисничките искуства и ги менуваат правилата на играта во спортот и медиумската индустрија.
Пред неговото гостување во Македонија, Марини сподели клучни увидувања за иднината на индустријата:
Хипер-персонализација ќе биде најголем двигател на промените, во наредните 3–5 години најголемата трансформација ќе дојде преку хипер-персонализирани искуства за фановите. Наместо општи решенија, платформите ќе понудат динамички интерфејси, персонализирани видео и податочни канали, прилагодени реклами и автоматизирана продукција што создава огромен обем на разновидна содржина по пониска цена.
Вештачката интелегенција ќе биде партнер, а не замена за човечката креативност. Според Марини човекот останува носител на наративот, додека AI помага приказната да се адаптира кон различни сегменти на публика. „AI не треба да ја одлучи приказната – туку како да ја испорача“, вели тој, нагласувајќи дека токму човекот ги поставува уредничките и креативните рамки во кои алгоритмите функционираат.
Следуваат големи промени во глобалните спортски организации и во медиумската економија. Марини смета дека ќе падне вредноста на медиумските права на многу спортски лиги, а се очекуваат и промена на навиките на спортските фанови и гледачите. Се повеќе ќе расте конкуренцијата меѓу стриминг големите платфроми за пренос на спортски настнати.
Организациите, според него, мора да се борат за вниманието на фановите и да го конвертираат во билети, мерч и претплати – што е можно само преку релевантна содржина, паметна дистрибуција и јасна дигитална стратегија.
Според Пјетро Марини ВИ не е тренд, туку долгорочна трансформација. Затоа организациите треба да изградат култура на експериментирање, мали пилот-проекти со јасно мерење на импактот и партнерства со компании кои го разбираат комплексниот „live“ екосистем.
„Технологијата се менува брзо, но победници ќе бидат оние што постојано се адаптираат – не само еднаш,“ вели Марини.















