Ланецот на супермаркети Mercator Slovenija реализираше нова еколошка out-of-home огласувачка кампања со постери кои што го чистат воздухот.
Постерите биле создадени во партнерство со Институтот за целулоза и хартија и поставени во повеќе градовите низ Словенија, со цел да ги врзуваат штетните честички на јаглероден диоксид присутни во воздухот.
На постерите се наоѓа и QR код кој кога скениран, на минувачите им овозможува да научат како всушност функционираат зелените постери. Според брендот, еден постер апсорбира толку јаглероден диоксид колку едно растечко дрво во текот на една година.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција ТАМ ТАМ.