Плакатите на кои се прикажани деца и жени жртви на насилство беа поставени во Словенија од страна на Здружението за ненасилна комуникација. Она што предизвика контроверзност беа натписите на плакатите.
Имено, жртвите на насилство на лицето имаат бемка, но и повреди. Стрелката насочена кон бемката е означена како „мајчин белег“, а стрелката насочена кон повредите на лицето е означена како „татковски белег“, односно „белег од партнерот“.
Кампањата наиде на бројни критики во Словенија затоа што сугерира дека само мажите се одговорни за насилството врз децата и жените.
“Јавно го повикувам Народниот правобранител на итно постапување! Овој плакат го демонизира татковството и ги става сите примерни татковци во ист кош со насилниците. Тоа не е објективно, не е едукативно и не е прифатливо! Како татко, се чувствувам навреден“, напиша на Твитер Аљош Ковшца, претседател на словенечкиот Државен совет.
Javno pozivam Varuha načela enakosti k takojšnjemu ukrepanju! Tale plakat demonizira očetovstvo in meče v isti koš vse zgledne očete z nasilneži. Ni objektivno, ni vzgojno in ni sprejemljivo! Kot oče se počutim užaljenega. pic.twitter.com/rZORWidlmv
— Alojz Kovšca (@AlojzKovsca) April 24, 2021
Иницијаторот на огласот, „Здружението за ненасилна комуникација“, по бурната реакција од јавноста, објави дека ќе ги повлече плакатите.
„Ви благодариме за коментарите под денешното соопштение за првиот пар постери од кампањата. Кампањата не ја испрати пораката што сакавме да ја испратиме и затоа ја отстранивме“, објавија на нивниот Фејсбук профил.