Брендот за мебел ИКЕА лансираше нова кампања за пазарите на Источна Азија во која се фокусира на рециклирањето пластика и еколошката одржливост на своите производи.
Рекламата насловена „Bottles“ („Шишиња“) и создадена со помош на агенцијата Wieden+Kennedy Shanghai, ја раскажува приказната за расфрланите пластични шишиња кои оживуваат и преземаат епско патување, налик на миграцијата на птиците, со цел да бидат рециклирани и да се трансформираат во еколошките производи на IKEA.
„ИКЕА ја демонстрира нашата посветеност за создавање на достапен и одржлив живот за кинеските потрошувачи. Нашиот пристап овој пат е да илустрираме како производите на ИКЕА кои се позитивни за планетата, исто така можат да бидат корисни за нашето здравје и секојдневниот живот“, посочи Ран Жанг, директор за маркетинг и односи со потрошувачите на ИКЕА за Кина.
„Кога слушнавме за завесите Gunrid [рециклиран производ на ИКЕА], ние бевме вчудовидени. Совршено ги илустрира вин-вин придобивките на производ кој не е само добар за планетата, туку и за вас и вашиот дом,“ истакнува Скот Хичкок, креативен директор на Wieden+Kennedy Shanghai.
Реклмата е дел од новиот глобален фокус на ИКЕА за засилена промоција на еколошката одржливост.