Во последниве години, Инстаграм полека, но сигурно ја развиваше својата програма за претплата, паралелно воведувајќи нови функции за креаторите, како што се означување на производи, закачени слики и објави кои со зафаќаат цел екран.
Како следен чекор во овој развој, платформата сега воведува објави кои ќе можат да се видат само по претходна претплата, дозволувајќи им на креаторите на содржина да ги „заклучуваат“ своите објави, архивирани животи и кратки видеа зад т.н. “paywall”. Овие објави ќе бидат означени со виолетов знак за да симболизираат дека се ексклузивни.
Според директорот на Инстаграм, Адам Мосери, оваа функција била најбараната нова функција од креаторите на содржини, а ќе биде проследена и со нов претплатнички „чет“ (прозорче за допишување) за инфлуенсерите да имаат подобра комуникација со своите обожаватели.
Креаторите ќе можат да формираат група за директно допишување со најмногу 30 претплатници наместо да мораат да разговараат со нив на друго место, при што групите автоматски ќе се заклучуваат по 24 часа.
„Претплатите се одличен начин креаторите да имаат предвидливи приходи и фановите да добиваат ексклузивна содржина од креаторите што ги сакаат“, напиша Мосери на Твитер.
Десетици илјади креатори низ САД сега ги исполнуваат условите за приклучување кон програмата за претплата, која ќе им овозможи да им наплаќаат на обожавателите и до 100 американски долари месечно за пристап до ексклузивните содржини.
Инстаграм започнал да го тестира моделот за претплата со 10 истакнати инфлуенсери од почетокот на годината, а оттогаш кон програмата се придружиле и илијадници други креатори на содржини.