Дејвид Мекнил, основач на компанијата „WeatherTech“, во знак на благодарност до ветеринарите на ветеринарниот факултет „Висконсин-Медисон“, кои го излечиле неговото куче Скаут од карцином, платил реклама на „Супербоул“ која го чинела околу 6 милиони долари.
Според државниот весник Висконсин Стејт Журнал, Мекнил платил цена за реклама од 30 секунди, а била емитувна во текот на вториот квартал од натпреварувањето кое се одржа во неделата.
Ова не е првпат Скаут да се најде на големото платно, исто така „глумеше“ во рекламата на „WeatherTech“ за време на минатогодишниот „Супербоул“.
„Здраво, јас сум Скаут и јас сум среќно момче“, започнува овогодинешната реклама“, пренесува People.com. “И тоа не е затоа што го најдов” кул “стап или затоа што бев во рекламата на WeatherTech за време на еден голем натпревар минатата година. Тоа е затоа што преживеав карцином, имав тумор на моето срце и имав само еден процент шанси да преживеам“, вели Скаут во рекламата.
Мекнил за NBC изјави дека минатата година им било кажано дека неговото куче имало само уште еден месец дена живот. „Кога се вративме дома, Скаут стоеше во аголот на собата весело мавтајќи со опашката и во тоа време мислев дека нема шанси да го успијам, едноставно не го сакав тоа“.
На крајот на рекламата, Скаут ги поканува гледачите да донираат на факултетот и неговиот центар за истражување на рак. „Нивните истражувања имаат потенцијал да спасат милиони животи на домашни миленици“, “вели“ Скаут, истакнувајќи дека миленичињата го менуваат животот на нивните сопственици и дека гледачите со помош на донации „можат да им го променат животот“. На снимките се наоѓаат и лекарите кои го спасиле животот на овој златен ретривер.
Мекнил вели дека сака за време на Супербоул не само да ја подигне свеста на луѓето, туку и да собере финансиска поддршка „за неверојатните истражувања и иновативните третмани што се случуваат на ветеринарниот факултет на Универзитетот во Висконсин, каде што Сакут сè уште е пациент“.
“Сакавме да ја искористиме најголемата можна сцена за да ја истакнеме приказната на Сакут и овој неверојатен пробив што не е ограничен само на помагање на кучиња и домашни миленици“, рече Мекнил. „Ова истражување исто така ќе помогне во унапредување на третманите со карцином и кај луѓето, така што постои потенцијал да се спасат милиони животи од сите видови“, истакна тој.