Кога јадеме чипси, нашите раце комплетно се валкаат со лепливи трошки – проблем кој сите сме го искусиле. Често го „рашаваме“ така што ќе се избришеме од фармерките или каучот.
Но, франшизата на брендот Доритос во Израел понуди подобро решение – платнена торбичка која се употребува како навлака за пакувањата на Доритос, од која лесно се бришат рацете. Торбичката може редовно да се пере и да се реупотребува.
Платнената торбичка на Доритос е осмислена со помош на тимот на BUG, најголемата продавница за видео игри и гејминг опрема во Израел. Кампањата е примарно насочена кон израелската гејминг заедница и вклучува соработка со водечките израелски гејминг јутубери.