Компанијата Playboy Enterprises соопшти дека се повлекува од Фејсбук поради големиот скандал околу приватноста на оваа социјална мрежа
Во соопштението се наведува дека “Плејбој” е тешко да ги “изрази своите вредности” поради строгите правила на Фејсбук кои вклучуваат ограничувања во прикажувањето голотија.
Плејбој тврди дека наводно, лошото управување со податоците е капката што ја прели чашата.
Околу 25 милиони луѓе се поврзани со сајтовите на Плејбој на Фејсбук, а компанијата соопшти дека ќе ги затвори сите профили со кои директно управува.
И други компании презедоа слични чекори, вклучувајќи ги и Mozillа, потоа SpaceX и Tesla на Илон Маск и германската Commerzbank.