Новиот слоган на PlayStation дека „Играта нема граници“ добива космичко значење во најновата реклама од Sony Interactive Entertainment посветена на лансирањето на новиот PlayStation 5 во текот на оваа есен.
Спотот отпочнува со сцена на човек во мало бротче на отвореното море, следејќи мистериозна светлина на хоризонтот. Како што влегува во густата магла, денот се претвора во ноќ и околниот свет добива магичен карактер. Малото бродче е сега придружено од флота на најразлични и фантастични историски и футуристички пловила кои итаат да го пробијат работ на светот. „Играта нема граници“ се трансформира во „Светот нема граници“.
Рекламата насловена „The Edge“ („Работ“) е секако метафора за патувањето кое им претстои на фановите на PlayStation со лансирањето на најсовремената играчка конзола до крајот на годината.
Креативната агенција која стои позади кампањата е Adam & Eve/DDB.