Чилеанскиот актер со номинација за Еми награда и сензација на социјалните мрежи, Педро Паскал, беше претставен како најнов амбасадор на пивскиот бренд Corona.
Во неговиот дебитански видеоспот насловен „One Man’s Journey“ („Патешествието на еден човек“), дел од бренд-платформата „La Vida Más Fina“ („Убавиот живот“), гледаме како љубопитниот Паскал седи во некој бар и нарачува шише Corona.
Веднаш штом го добива, од ногавиците почнува да му „тече“ песок, како почетна точка на магична трага до ближната плажа. Меѓутоа, додека Педро се движи низ улиците на малото крајбрежно гратче за да стигне до својата цел, сфаќа дека плажата е повеќе од само локација – тоа е состојба на умот!
Актерот кој зрачи со позитивност и привлечен шарм совршено се надоврзува на имиџот на брендот, пренесувајќи ја пораката за „убавиот живот“ како синоним со едноставното задоволство на уживање во пиво на плажа.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција MullenLowe.