Српската компанија за прехрамбени производи Bambi пред некое време го претстави својот нов производ во серијата Plazma – колачиња во облик на срце со чоколаден прелив и вкус на портокал или лешник.
Производот именуван “Plazma od srca” („Плазма од срце“), според новата кампања на компанијата, претставува израз на благодарност спрема љубителите на Плазма, но и производ инспириран од нивните креативни адаптации на омилените бисквити.
„Благодарение на вас, направивме нешто ново! Да, да, благодарение на вас. Тогаш кога уживавте во подлога за чизкејк или кога создававте уметнички дела со Плазма – инспирирани баш од таквите деликатеси што ги сакате од срце, сфативме колку на светот му е потребна Плазма од срце. Ви благодариме од срце!“ – порачуваат од компанијата Bambi.