Еден од омилените брендови на ова подрачје е сигурно Плазма кекс. Веќе педесет години Плазма е дел од нашето секојдневие, за многу од нас и симбол на некои од најубавите моменти во животот. Најновиот член на Плазма фамилијата е Плазма Мини Мини кој се обраќа на најмладата полулација за кои е и наменет. Предизвик беше да се најде вистинскиот начин како да им се обрати на целната група, односно на тинејџерите кои често и самите имаат проблем во комуникацијата со својата околина.
„Не можевме да имаме потешка публика од целната група на која и се обраќавме. Нашата најважна задача беше да пронајдеме начин да комуницираме со нив, во кампањата да проговориме со нивниот јазик како нас би не разбрале и прифатиле“, истакна Јелена Љубимировиќ, бренд менаџер во компанијата Бамби, и дoдава: „Пронаоѓањето на разбирлив јазик за нив беше наш најголем предизвик, а решавањето на тој проблем претставуваше остварување на целта на нашата кампања: да се постане релевантен на целната група и да се стекне нивната доверба.“
Се работи за млади на возраст од 11 до 16 години, повеќето се во пубертет и никогаш не сте сигурни што им е во главата, делуваат како ништо да не ги интересира, а најмалку рекламни кампањи. Во „ маркетинг светот“ е познато дека нив како целна група е најтешко да ги заинтересираш за нешто, а камоли да ги задржиш како верни потрошувачи. Тоа е генерација која постојано ги менува интересите, воспоставува свои трендови, најчесто се намуртени, бунтовни и многу често се „кикотат“, а на никој освен на нив не им е јасно што е смешно. Пред овај предизвик се нашле и креативците на агенцијата McCann Белград – како да им се обратат на генерацијата која често никој не ги разбира и која се разбира само себе?
„Спонтаност и искреност е она што екипата на која и се обраќаме го цени повеќе од било што. Зато нашата кампања ја води еден спонтан, помалку откачен и блесав лик, спремен во секоја ситуација да се пошегува на сечија сметка. Тој е тоа нешто спечифично што нашата кампања ја прави впечатлива. Тој е херојот на нашите ТВ спотови, тој зборува од билборди и огласи, него се му е забавно, тој е смешен и кога молчи. Тој е автентичен и нему нашата целна група му верува“, изјави Милош Пауновиќ, член на креативниот тим на McCann Белград.
Плазма Мини Мини е вистински претставник на својата генерација. Што би рекле „еден од нив“. Реакциите во јавноста на новиот производ и кампањата се многу добри. Покрај младите, кампањата е одлично прифатена од сите генерации. Потврда за тоа е што многу од шегите на Плазма Мини Мини се веќе со задоволство цитирани.
Кампањата Плазма Мини Мини е реализирана во Србија, Македонија и Црна Гора.
Членови на креативниот тим од агенцијата McCann Белград кои ја осмислија кампањата за Плазма Мини Мини се:
Miloš Paunović – Copywriter
Lidija Milovanović – Art Director
Vladimir Vuković – Copywriter
Nikola Puzigaća – Art Director
Branko Andrejević – Designer
Jana Savić Rastovac – Creative Director.
Некои од спотовите можете да ги погледнете подолу: