Вообичаено, луѓето бараат што е можно поголем простор за живот по што е можно помала цена. Меѓутоа, според шведскиот бренд за мебел IKEA, малите простори за живот се исто така убави, особено доколку знаете добро да ги уредите.
Со цел промоција на својата колекција на производи за мали домови, IKEA лансираше нова кампања за јапонскиот пазар во која главен лик е нивната плишана маскота, ајкулата Blåhaj.
Хумористичниот серијал на кратки филмови насловен „Tiny Homes“ („Малечки домови“), ја следи приказната на плишаната ајкула која пораснала во пространите морски води на Шведска, но ги преферира малите животни простори на Јапонија.
Ајкулата Блахај се одлучила да стане агент за недвижности, специјализиран за мали домови, при што има мисија да издава минијатурен апартман од само 10 метри квадратни, целосно опремен со производи од IKEA.
Всушност, апартманчето навистина постои и IKEA го издава за само 99 јени месечно, во населба на Токио каде вообичаените апартмани достигнуваат цена до 49,000 јени месечно.
Погледнете го хумористичниот видео-серијал во продолжение, но на заборавајте да вклучите англиски превод доколку не зборувате јапонски: