Агенцијата PM ќе ги прошири услугите на дигитален и контент маркетинг за клиентите во Словенија и регионот
Најголемата словенска агенција за контент маркетинг PM, poslovni mediji стана дел од мрежата C3, најголемата и најуспешната агенција за контент маркетинг во Европа. Визијата на C3 е да стане најголемата глобална интегрирана мрежа на дигитални агенции со фокус на контент маркетинг.
Основната појдовна точка на партнрството помеѓу PM иC3 е заедничкото разбирање на стратешкиот развој на комуникациите за поврзување на содржината, технологијата и маркетингот со фокус на дигиталните активности и црвстото разбирање на контентот маркетинг и продукција на содржината. Договорите за капиталското поврзување и стратешко-развојното партнерство помеѓу РМ и С3 треале подолго од година дена. Во тој период во С3 ја анализирале и вреднувале стручноста и креативната сила на агенцијата РМ, нејзината развојна стратегија, квалитетот на нејзините услуги, нејзините клиенти, бизнис вештините и резултатите.
Според договорот за партнерство РМ ќе ја зачува својата бизнис и развојна автономија, капиталниот влез на С3 во РМ обезбедува трајна и долгорочна развојна стабилност на РМ и ги поставува темелите за понатамошен развој на РМ како водечка содржинска дигитално комуникациска агенција во Словенија, а во иднина и во поширокиот источноевропски и балкански регион. Основниот темел на партнерството е обврската на двете агенции да обезбедуваат ефекти и резултати за клиентите, висок квалитет на услугите и технолошкиот развој.
Агенцијата РМ, која веќе речиси половина од своите приходи ги остварува на подрачјето на дигиталните комуникации, како дел од мрежата С3 ќе ги продолжи и прошири услугите на дигитален и контент маркетинг за клиентите во Словенија и регионот. Истовремено, партнерите веќе започнаа соработка на некои проекти со постоечките клиенти на С3 и на заедничко освојување на нови клиенти. Соработката истовремено ќе овозможи подобар пристап на пазарите значајни за Словенија и словенските извозници. Тоа би ја проширило понудата на услуги на РМ и би ја подобрило ефикасноста на комуникациските предизвици со кои се соочуваат на странските пазари предводниците на словенската економија.
Igor Savič, ко-сопственик и генерален директор на PM:
“Договорот за партнерство со C3 потврдува дека сега сме веќе дел од највиталните маркетинг и комуникациски текови и процеси. Истовремено тоа ни отвара нова развојна визија и можности. PM станува европска и светска агенција со седиште во Словенија што е интересна вест за сите развојни или меѓународно насочени претпријатија. На своите клиенти уште полесно ќе им обезбедиме најефикасни комуникациски решенија кои се темелат на креативни и проверени принципи и алатки на дигитален и контент маркетинг и пристап до светските пазари“.
Primož Inkret, ко-сопственик и извршен директор на PM:
“C3 не се само најголеми, туку и чекор напред пред другите во поглед на разбирање и сеопфатна понуда на клиентите. Овај аранжман му дава можност на РМ, идеите, иновациите и комплетното разбирање на најсеопфатните комуникациски предизвици кои до сега ги развивавме, да ги понудиме и провериме и на нови комуникациски пазари. За нашите комуникациски професионалци и вработени и идни соработници на РМ, нашето партнерство со С3 значи стабилност и бројни можности за личен стручен развој. Истовремено со ова партнерство, РМ станува извонредна можност за нови кадри со идеи, енергија и знаење“.
Gregor Vogelsang, директор одговорен за меѓународно проширување на C3:
“PM е сигурно една од најинтересната комуникациска приказна во Словенија и регионот. Тоа е креативна и иновативна агенција за контент маркетинг. Се одликува со сеопфатно и широко разбирање на комуникациските, пред се, дигиталните решенија. Нејзината позиција во словенскиот и меѓународниот простор, знаење и врвните проекти кои ги реализирала, се основа за долгорочно и развојно насочено поврзување и соработка. Се радуваме на доаѓањето во мрежата на С3, која не е само мрежа на меѓусебно поврзани компании, како што се мрежите кои ги воспоставија пред се огласувачките агенции, туку е тесно интегриран систем со меѓународна соработка, постојани заеднички проекти и преплетување на различни искуства и знаења“.
Lukas Kircher, ко-сопственик и директор на C3:
“Веќе неколку пати сум ги видел вработените од PM како држат предавања по целиот свет. Неверојатно е како мала агенција од Словенија со врвна екипа има така глобален професионален досег. Во изминатите години видов дека PM е добро водена и процесно организирана агенција, верна на резултатите и ефектите за клиентите со добра и креативна енергија, иновативни дигитални решенија, но пред се, агенција со многу значаен позитивен однос и амбиции“.