Најголем дел од вниманието не го привлекоа модните детали, туку односот на цените на овие производи со износот на парите со кои располагаат луѓето кои учествуваа во кампањата

Сите апсурди на човечкото општество беа снимени од еден фотограф, правејќи рекламни кампањи за некои светски брендови и тоа со африкански модели.
Најголем дел од вниманието не го привлекоа модните детали, туку односот на цените на овие производи со износот на парите со кои располагаат луѓето кои учествуваа во кампањата.
На пример, една женска ташна од рекламата чини 32 евра, а за купување на храна доволна за една недела, овие луѓе трошат вкупно четири евра, што значи дека со парите што некој би ги дал за конкретната торба, некој да се храни два месеци.
Слична е ситуацијата и со цената на очилата за сонце, кои чинат 24 евра. Со овие пари, три семејства можат да обезбедат пристап до вода за пиење која чини осум евра.
Сепак, се чини дека најголемата апсурдност е забележана со рекламата за пиво. Кригла пиво чини 4,5 евра, а за овие пари, едно семејството може да обезбеди 150 литри вода за пиење.