По една деценија, агенцијата за истражување на пазарот во Јадранскиот регион – VALICON, повторно го спроведувa референтното истражување за мерење на моќта на брендовите „VALICON TOP BRANDS“, за да ги крунисa најмоќните FMCG брендови во регионот.
Новото истражување се спроведува со помош на врвни експерти од регионот, вклучува подобрена и транспарентна методологија дизајнирана за новото време (време на дигитални трансформација, пазар променет од порастот на дисконтни продавници, приватните трговски марки, но и променет од новото однесување на потрошувачите) и опфаќа седум земји од Јадранскиот регион: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
„Пазарот на стоки за широка потрошувачка (FMCG) драматично се промени и силата на брендовите повеќе не може да се мери во границите на нивната категорија“, изјави Зенел Батагељ, партнер во VALICON. „Ние темелно го реконструиравме истражувањето за да ја обезбедиме најточната и најрелевантната слика за моќта на брендовите денес. Особено сме возбудени затоа што во истражувањето овој пат дозволивме да се вклучат сите брендови. Ова е можност, секој бренд да види каде се наоѓа на пазарот, во однос на конкуренцијата , но и да ги стекне потребните сознанија за свој понатамошен раст.“
Што е ново во истражувањето VALICON TOP BRANDS?
Единствената регионална листа која се базира на напредни податоци:
- Целосно мерење: Овој пат истражувањето го оценува брендот како целина, вклучувајќи ги сите негови проширувања, за да се долови неговата целосна пазарна моќ.
- Иновативни метрики: Истражувањето го вклучува индикаторот „неопходност“ индикатор кој ги издвојува одличните брендови од оние што навистина се есенцијални.
- Проширен опсег: Истражувањето за прв пат ги покрива сите седум пазари: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
Повик до компаниите да ги вклучат своите брендови во листата на VALICON TOP BRANDS 2025
Врз основа на минатите резултати, но најжважно, врз основа на најновите пазарни податоци, во листата на истражувањето, се вклучени повеќе од 500 врвни брендови од регионот.
Доколку одреден бренд не е на листата на истражувањето, компаниите своите брендови можат да ги номинираат во истражувањето со помош на линкот наведен подолу. Вклучувањето во листата на истражувањето на брендовите им носи јавна препознатливост, ја зајакнува нивната позиција кај трговците, но и на компаниите им овозможува пристап до ексклузивни стратешки податоци.
Краен рок за вклучување на брендовите во истражувањето е 4-ти декември 2025 година.
Како компаниите да ги пријават своите брендови?
VALICON ги поканува бренд менаџерите или раководните луѓе во компаниите да ја посетат веб страната https://topbrands.valicon.net за да го проверат статусот на својот бренд и, доколку е потребно, да поднесат номинација за вклучување во истражувањето.


















