Следејќи го успехот на минатогодишната интернет-кампања, која собра повеќе од 150 милиони прегледи и освои бројни награди, оваа година Ерсте Груп лансираше нова меѓународна кампања во 11 земји од Централна и Источна Европа. И оваа година во јадрото на кампањата е слоганот #believeinyouself и обезбедува врвна продукција која знае како да ги разбуди чувствата во ова празнично време. Приказната за овој тродимензионален лик е и достапна и на глобално ниво преку мрежите Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер.
„Никогаш не сонувавме дека минатогодишната кампања со ежот Хенри ќе достигне таков успех, но тоа само ни потврди дека начелото #верувајвосебе не познава граници. Во новата божиќна кампања, ги донесовме истите вредности преку уште една трогателна приказна“, истакна Мартин Раџаби-Расет, бренд директор на Ерсте Груп.
„Овогодинешната приказна е поставена во свет каде што бубарите цврсто веруваат дека со своите мали крилја и релативно голем труп во однос на нивните крилја, не можат да летаат. Единствено Хана не е подготвена слепо да ги следи верувањата на сите други, а наместо тоа, одлучува да го оствари својот сон за летање“, вели Мајкл Наги, креативен директор во агенцијата Jung von Matt/DONAU.