Технолошкиот гигант Samsung лансираше нова глобална кампања за Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“. За првпат на едни Зимски игри, спортистите ќе можат сами да направат „победничко селфи“ на подиумот, користејќи Galaxy паметни телефони.
Кампањата се темели на идејата дека победата никогаш не се остварува сама. Преку специјалната камера-функција на „двојно снимање“, Samsung истовремено ја прикажува перспективата на спортистот и емотивното исксутво на неговото семејство или поддржувачи, претворајќи го триумфот во заедничка приказна.
Оваа кампања се надоврзува на платформата „Open Always Wins“ („Отвореноста секогаш победува“), првпат претставена од Samsung на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, која се темели на уверувањето дека отвореноста кон идеи, искуства и различни перспективи отвора нови можности и создава подлабоки врски.















