MarTech Challenge е регионално натпреварување отворено за сите технолошки стартапи основани во последните две години, кои се фокусираат на примена на нови технологии во маркетинг и комуникациите. На натпреварувањето може да се пријават и тимови кои сè уште не основале стартап, но кои имаат или развиваат идеи или решенија од областа на маркетингот, а победничкиот тим освојува награден пат за една од најатрактивните конференции во областа на маркетинг технологиите MarTech Conference која се одржува на пролет 2020 во Калифорнија.
Стартапите кои ќе влезат во потесен избор, во септември и октомври ќе поминат низ програма на менторство од страна на претставници на ICT HUB и DIRECT MEDIA United Solutions, со што ќе им се даде можност да ги унапредат своите бизниси, да ја прошират својата мрежа на контакти во маркетинг индустријата, со цел на најдобриот начин да се подготват за финалето на натпреварувањето.
Финалната презентација на финалистите на MarTech Challenge ќе биде организирана на петтиот национален фестивал на интегрирани комуникации КАКТУС 2019, кој се одржува на 29 и 30 октомври, а за време на траењето на фестивалот, за сите стартапи кои се пријавиле на MarTech натпреварувањето за КАКТУС 2019, ќе бидат обезбедени менторски сесии од разни области на бизнисот, медиумите и маркетинг комуникациите.
Проектот MarTech Challenge е лансиран од DIRECT MEDIA United Solutions со цел поврзување на маркетинг индустријата и иновативните претприемачи и зајакнување на страртап сцената во регионот, заедно со партнерите ICT HUB, Netokracija и Marketing mreža.
Апликациите се отворени до 12 септември на сајтот www.martechchallenge.com.
Сите стартапи кои се заинтересирани за натпреварување или соработка, дополнителни информации можат да добијат на меилот: challenge@directmedia.rs.
Пријавете се!