Креативната агенција Wieden+Kennedy соопшти дека нејзиниот основач Ден Вајден починал на 30 септември 2022, на 77-годишна возраст. Смртта на Вајден доаѓа скоро една година по преминувањето на неговиот бизнис партнер Дејвид Кенеди, кој почина на 10 октомври 2021 година.
Пред 40 години, Ден Вајден и Дејвид Кенеди ја напуштиле агенцијата McCann-Erickson за создадат сопствена огласувачка агенција, основана на Денот на шегата во 1982 година. Години подоцна, агенцијата Wieden+Kennedy ќе прерасне во една од најпознатите независни креативни агенции со осум канцеларии ширум светот и околу 1.500 вработени.
Агенцијата денес опслужува големи брендови како Nike, McDonald’s и Ford, меѓу останатите. Всушност, Ден Вајден е човекот кој го смислил препознатливиот слоган “Just Do It” кој денес е синонимен за брендот на спортска опрема Nike.
Вајден починал мирно во друштво на неговата сопруга Присила. Зад себе ги остава остава сопругата, четири деца, три посвоени деца, брат, сестра и дванаесет внуци.
Неговата фимилија побара од сите оние кои сакаат да му одадат почит на Ден да го сторат тоа преку донации до Caldera Arts – непрофитна организацијата за менторство на уметници, основана од Вајден и неговото семејство.