Централната манифестација за деловни комуникации собра дури 40% повеќе посетители во однос на изминатата година, а во текот на трите фестивалски денови ќе се одржат бројни предавања, работилници и панели под водство на врвни стручњаци од Хрватска и светот
Целата комуникациска индустрија од Хрватска, но и од регионот, престојува во Ровињ. Таму, всушност, е отворено петтото издание на фестивалот Денови на комуникациите, кое оваа година пред публиката ги доведува некои од најголемите светски имиња на подрачјето на деловните комуникации, па така на фестивалот се пријавиле дури 40% повеќе посетители во однос на изминатата година. Првиот ден на фестивалот ќе го обележи предавањето на Chuck Porter, една од легендите на огласувачката индустрија, кој магазинот Inc го смести на листата на “26 најфасцинантни претприемачи“, а примен е и во “Hall of Fame” Американската огласувачка федерација. Porter на посетителите во Ровињ им откри како брендовите се создаваат во фантазијата, популарната култура и секојдневното ризикување.
Освен Porter, Денови на комуникациите во Ровињ го доведува и кооснвачот на порталот The Pirate Bay, Peter Sunde кој ќе зборува за одговорноста и моќта во споделувањето на содржина и во дигиталниот свет. На публиката во Ровињ ќе им се претстави и американскиот ПР волшебник, Alex Braun кој во Хрватска е најпознат како консултант на SDP. Денови на комуникациите оваа година се продолжени од два на цели три дена, а во тој период, освен предавања ќе се одржи и доделувањето на наградите Effie, IdejaX, Mixx и Young Lions Croatia, но и неизбежните забави и концерти. Денови на комуникациите со својата врвна програма и предавачи, но и креативни и забавни придружни содржини, од година во година собира се` поголем број на учесници, партнери и медиуми. Истражувањето на организаторот на фестивалот, агенцијата HURA, покажува дека 97% од учесниците се враќаат на фестивалот, а 98% би го препорачале на колегите.
“Денови на комуникациите е настан каде што целата комуникациска индустрија се собира на неколку денови во Ровињ. Овде има и игри и забава, но и учење и размена на искуства, што е всушност и најважниот дел од фестивалот. Комуникациската индустрија се менува со исклучително голема брзина и затоа е потребно да се следат најдобрите во оваа работа, кои ќе не` запознаат со постоечките трендови, но и ќе ги најават промените кои допрва доаѓаат“ објаснува директорката на фестивалот Dunja Ivana Ballon, додека Damir Ciglar, член на организацискиот одбор на фестивалот додава дека Денови на комуникациите се идеално опкружување и за деловните луѓе кои не се занимаваат нужно со комуникации, затоа што комуникациите се тесно поврзани и со бизнис целите и резултатите.