Денеска во Порторож, Словенија започнува 21-вото издание на интернационалниот адвертајзинг фестивал Голден Драм кое ќе трае до Петок.
Стотици креативци од целиот регион ќе имаат прилика да слушнат повеќе предавања од некои од најистакнатите маркетинг професионалци од светот, а добредојде на самото отворање ќе посака и Душан Дракалски од Македонија кој како претставник на “Агенцијата на годината“ за минатогодишното издание ( New Moment New Ideas Skopje) ќе го прогласи Голден Драм 2014 за отворен.
Во натпреварувачкиот дел, оваа година вкупно 1220 проекти од вкупно 24 земји ќе се надеваат на некоја од престижните награди со која ќе му дадат регионална потврда на својата креативна идеја.
Русија е земјата која има најмногу пријавени проекти, дури 331 од вкупно 71 руска агенција а втора земја по бројот на пријавени проекти е Турција (184 проекти).
Од Македонија, на овогодинешното издание на Голден Драм во конкуренција ќе се најдат вкупно 7 проекти пријавени од само две агенции: Публицис и Њу Момент.
Публицис ќе конкурира во 3 категории со нивниот проект за Националниот институт за неврологија (“Alzheimer’s News Editors“) а Њу Момент ќе се натпреварува во 4 категории со нивните проекти за Пекабеско (“Paraglider“, “Skies“, “Motor“ и “The Good Life“). Да им посакаме многу среќа !