Новиот регионален информативен телевизиски канал N1, кој ќе може да го следат гледачите во Адриатик регионот (во прв ред со студија во Хрватска, Србија и БиХ, а дописништва низ цела Екс-Ју), треба да започне со емитување во првата половина на октомври. На претставувањето на N1 на Weekend Media Festival-от во Ровињ, беше кажано дека околу 50% од информациите ќе бидат од локален карактер, додека остатокот ќе бидат информации од регионот и светот. Се очекува дека Канал N1 ќе го следат околу 8 милиони луѓе од регионот.
Канал N1, кој ќе биде регионален партнер на CNN, треба да започен со емитување на програмата помеѓу 30 септември и 15 октомври, а точниот термин би трбало да биде познат во текот на оваа седмица.
На претставувањето на N1, претставникот на каналот Русмир Нефиќ рече телевизијата N1 ќе емитира и одбрани програми на CNN преведени на локалните јазици. “Ќе се работи по стандардите на CNN, но програмата нема да се уредува во Атланта”, кажа тој.
Нефиќ истакна дека N1 ќе работи со нова технологија за продукција и емитирање, која прв пат се применува и која ќе овозможи истовремено емитирање на три канали, за секоја од земјите посебно, но чија содржина, во заввисност од видот на емисијата, симултано, односно во реално време може да бидат исти за сите или различни, односно локални во одредени сегменти. Според неговите зборови, во N1 ќе работат околу 200 луѓе кои доаѓаат од околу 40 редакции од целиот регион.
Нефиќ кажа дека истражувањата покажале дека луѓето на Балканот, после жителите на САД процентуално гледаат најмногу телевизија, а гледаноста на телевизиските вести во светот е најголема во овој регион, иако 74% од луѓето не им веруваат. Тој изрази уверување дека N1 тоа ќе го промени.
Директорот на вести за Хрватска Дубравко Мерлиќ наведе дека вестите на секој од трите канали ќе ги изготвуваат локални новинари и тие ќе бидат со национален предзнак, додека инфомациите од областа на бизнисот, спортот, културата и забавата ќе бидат од регионален карактер. Тој очекува дека канал N1 ќе го следат околу 8 милиони луѓе од регионот, а планот е две третини од приходите да се добиваат од провајдерите, а остатокот да се остварува од маркетинг. “Мислам дека планот за работа е остварлив бидејќи е собрана одлична екипа на новинари, тука е и партнерството со CNN, заедно со врвна технологија и програма која ќе ги задоволува националните и регионалните интереси”, кажа тој.
Директорот на вести за Србија Југослав Чосиќ истакна дека новинарите на N1 ќе известуваат професионално, независно и одговорно. Чосиќ изрази големо задоволство со екипата која ќе работи на програмата на N1 во секоја од трите држави и нагласи дека новинарите на тој канал во своите вести и репортажи секогаш ќе тежат да дојдат то вистината.
Главниот финансиски инвеститор на канал N1 е United Group, “Pay TV”, платформа присутна во југоисточна Европа која го опфаќа и кабелскиот оператор SBB, оператутрите Telemah Slovenija, Telemah BiH, како и регионалната сателитска програма total TV. Договорот со компанијата Turner Broadcasting System Europe, која е сопственик на каналот CNNInternational, му овозможи на канал N1 да стане ексклузивен партнер на CNN за регионот.