Денеска и утре во Порторож, Словенија, се оддржува 24-тото издание на SOF (Словенски огласувачки фестивал). најстариот словенски фестивал на креативноста.
Во својот програмски дел СОФ ќе понуди расправа по клучните актуелни прашања од индустријата и ќе овозможи не само размена на знаења, искуства и идеи, туку и размена на различните погледи за иднината за самата индустрија. Присутните, помеѓу другите, ќе имаат шанса да ги чујат и Drag Mlakar, copywriter од Publicis Groupe Slovenija, Luku Bajsa, copywriter од Pristop; Björn Ståhla, извршен креативен директор на INGO Stockholm; Katie Axam, директор на маркетинг и комуникации во Software Groupe, IBM Central & Eastern Europe; Mark Johnson, главен директор за Европа на BrainJuicer; Nataša Mohorč Kejžar, директорка на Ipsos Slovenija итн.
После предавањата следува завршната церемонија на доделување наградите Effie® 2014 за најдобрите проекти за маркетинг и комуникациска исклучителност.За овогодинешниот натпреварувачки дел пријавени се дури 408 проекти.