Со цел промоција на новото целосно електрично возило Audi Q8 Sportback e-tron на канадскиот пазар, автомобилскиот бренд ја лансираше „Feel the Art of Audi“ – храбра креативна кампања која на потенцијалните возачи им овозможува да ја видат и почувствуваат иднината на премиум мобилноста, илустрирајќи како Audi оди чекор понатаму и дава приоритет на создавањето значајни и фасцинантни возачки искуства.
Брендот ја ангажираше канадската супермоделка Кока Роча и користејќи низа биометриски сензори успеа да ги долови вистинските реакции на еден долгогодишен возач на Audi кон дизајнот, перформансите и префинетоста на новиот автомобил. Добиените реакции – од возбуда до спокојство – потоа биле внесени во генератор со вештачка интелигенција кој ги трансформирал во динамична дигитална уметност.
Во време кога дискусијата околу електричните возила главно се фокусира на практични аспекти како што се опсегот, цената и достапноста, целта на Audi е да го позиционира Q8 како нов стандард на електричен луксуз и тоа благодарение на неговиот елегантен дизајн, внимание кон деталите и нула компромис во однос на перформансите.
Кампањата била создадена во соработка со креативната агенција Bensimon Byrne и продукциската компанија 1stAveMachine.