Платформата за онлајн трговија на рачно изработени и персонализирани производи Etsy лансираше празнична кампања под насловот “Give more than a gift” („Подари повеќе од подарок“).
Се работи за серијал од повеќе спотови кои ги охрабруваат луѓето да купуваат Божиќни подароци „со значење“, односно не предмети кои масовно се произведуваат и можат да ги имаат сите, туку нешто што е уникатно и соодветно за личноста на која се подарува.
Тоа во рекламите вклучува персонализирани празнични декорации, кујнски прибор, накит, облека и така натаму, сето тоа направено и подарено со многу љубов и искреност.
Покрај видео спотовите, кампањата ќе вклучува и out-of-home активности.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција 72andSunny New York и продукциската куќа MJZ.