Јапонскиот производител на автомобили Toyota ја лансираше својата нова Божиќна кампања со не една, туку две празнични реклами, примарно наменети за американскиот пазар.
Во првиот спот, наречен “Present from the Past” (со двојно значење: „Подарок од минатото“ и „Сегашност од минатото“), се раскажува приказната за една млада жена која добива Божиќен подарок од нејзината баба, а внатре има стара камера и колекција на фотографиите од времето кога баба ѝ била на нејзина возраст.
Внуката одлучува да ги рекреира старите фотографии на нејзината баба, така тоа што ќе оди на истите места како неа, но со помош на својот нов камионет Toyota Tacoma 2024. Рекламата кулминира со емотивна срадба кога внуката ја изненадува својата баба со албум кој ги документира нејзините патувања заедно со рекреираните фотографии.
Спотот е создаден во соработка со креативната агенција Saatchi & Saatchi, а режиран од страна на Лиса Ганинг.
Надоврзувајќи се на претходната реклама, Toyota склучи и партнерство со непрофитната организација 100Cameras за да финансира програми за учење за 10.000 студенти фокусирани на фотографијата во текот на следната година.
Вториот Божиќен спот на компанијата е насловен “Arrivals” („Пристигнувања“) и првично наменет за говорителите на шпанскиот јазик на северноамериканскиот континет. Рекламата ја прикажува хаотичната, но сепак емотивна сцена на аеродромите за време на празниците. Семејствата и пријателите се движат низ метежот, борејќи се со временските и сообраќајните препреки, во потрага по повторно обединување со саканите. Рекламата е создадена во соработка со агенцијата Conill Advertising, а режирана од страна на Макс Малкин.
Двете рекламите доаѓаат за време на таканаречениот „Тојотатон“ (“Toyotathon”) – годишен настан кој се одржува помеѓу ноември и јануари, во кој производителот на автомобили нуди половни договори за лизинг и финансирање за нови возила.