„Специјално секојдневие“ – тоа е мотото кое си го има поставено швајцарската стоковна куќа Manor: да го направи секој ден специјален. Па така, кога е во прашање Божиќ, најспецијалниот ден во годината, тие мораа да смислат нешто невообичаено.
После минатогодишниот успех со анимираната реклама „The Drawing“, швајцарската компанија повторно се обрати кон агенцијата BETC Париз и режисерот Кевин Грејди од AgainstAllOdds, за да создадат продолжение насловено „The Gift“ („Подарокот“).
Главен лик во рекламата е еден од малите елфи на Дедо Мраз по има Елфред. Која е рекацијата на Елфред кога едно дете ќе ја открие големата тајна на продавниците на Manor? Погледнете во оваа реклама исполнета со акција, хумор и нежност: