Официјално се отворени пријавите за 13. издание на SoMo Borac by Aleph, а вашите проекти можете да ги пријавите до 24 септември! Пријавете ги вашите најдобри дигитални проекти, вклучувајќи кампањи, медиумски и огласувачки содржини и производи (како активации, веб-страници, апликации…), и препуштете ги на оценување од страна на стручната жири-комисија на SoMo Borac. Најдобрите проекти ќе бидат избрани во дури 17 категории, а доделувањето на наградите ќе се одржи на 24 октомври 2025.
Медиумските издавачи можат да ги пријават своите проекти во следниве категории: Best Media Feature, Digital Product of the Year, Digital Design of the Year, SoMo NATIVE и Best Media Storytelling. Повеќе за условите и правилата за пријавување во категориите на натпреварот за медиуми можете да прочитате на официјалната веб-страница на SoMo Borac.
Оваа година ќе бидат воведени новитети и во делот на огласувањето – вклучувајќи го воведувањето на новата категорија SoMo Video Impact, наменета за видео содржини што постигнале извонредни резултати. Можат да се пријавуваат формати како YouTube видеа, онлајн серии, видео огласи, брендирани содржини, и ‘video-first’ содржини на социјалните мрежи, без разлика дали се продуцирани за дигитални канали или се адаптирани за нив.
Дополнително, категоријата Digital Product of the Year е проширена на меѓународно ниво – сега можат да се пријават дигитални производи наменети за кои било пазари, внатре или надвор од регионот.
Освен доделувањето награди за најдобрите дигитални проекти, во рамките на настанот ќе се одржи и конференција на која експерти од дигиталниот свет ќе дискутираат за клучни теми и за иднината на дигиталната индустрија.
„Ја создадовме најголемата дигитална заедница во регионот која од година во година го следи, обликува и забрзува развојот на дигиталниот екосистем на овие простори. Секоја година преку пријавените проекти го чувствуваме пулсот на нашата огласувачка и медиумска индустрија – промените, новите трендови, смелите пристапи и храбрите исчекори. Оваа година планираме да ги подигмене стандардите уште повисоко и со нетрпение очекуваме да видиме што ни подготвува дигиталната сцена. Ги повикуваме сите заинтересирани да ги пријават најдобрите дигитални кампањи што ги реализирале од септември минатата година до 1 октомври оваа – и заедно со нас да проследиме уште еден инспиративен SoMo Borac кој секоја година нè мотивира да продолжиме понатаму“ – изјави Ружица Врдољак Личина, извршна директорка на наградите SoMo Borac.
Сите кои ќе ги пријават своите проекти до 1 септември добиваат попуст на котизацијата за учество, додека на 24 септември апликациите официјално се затвораат. Ако не сакате да ја пропуштите самата церемонија на доделување награди, одличните предавања на конференцијата, како и легендарната SoMo party, не заборавајте да ги обезбедите своите early bird билети на време.
За проектите што најмногу се истакнале ќе одлучува тим од врвни регионални експерти, а повеќе информации за овогодинешните членови на жирито ќе бидат достапни наскоро.
Претплатете се кон билтенот на SoMo Borac за први да ги добивате сите новости поврзани со настанот. Заследете ги исто така страниците на SoMo Borac на Facebook, Instagram и LinkedIn!