Данскиот телевизиски канал TV 2 постави подигнати клупи во главниот град Копенхаген со цел да испрати силна порака за опасноста од климатските промени и растечкото морско ниво.
Во соработка со локалните власти во Копенхаген биле поставени 15 подигнати клупи на истакнати места во градот. Притоа, на сите клупи е поставена бакарна плоча на која пишува: „Поплавите ќе станат дел од нашето секојдневие доколку не почнеме да правиме нешто за нашата клима. Според последниот климатски извештај на Обединетите Нации, се очекува нивото на морето да се искачи до 1 метар до 2100 година доколку продолжи глобалното затоплување“.
Клупите траба да делуваат како потсетник за луѓето за тоа како би можела да изгледа иднината во 2100 година.
Кампањата дополнително е поддржана со телевизиски спот, outdoor и принт реклами и инфлуенсер кампања во која учествуваат познати дански актери, уметници, музичари, дизајнери и познатиот архитект Бјарке Ингелс.