Коалицијата за подобри реклами (The Coalition for Better Ads – www.betterads.org ) ги објави подобрените стандарди за рекламирање за десктоп и мобилен кои ги рефлектираат преференците на Северно –Американските и Европските пазари.
Подобрените стандарди се базирани на направено истражување во кое потрошувачите компаративно ги рангирале различните искуства со реклами на интернет кои им биле презентирани додека тие читале онлајн натписи. Повеќе од 25,000 потрошувачи рангирале 104 рекламни искуства наменети за десктоп и мобилен интернет.
“Ова иницијално истражување и овие Подобрени Стандарди за рекламирање обезбедуваат одличан насока за улогата која форматите на реклами ја имаат врз корисничкото искуство.’’ кажуваTownsend Feehan, CEO на IAB Europe.
Истражувањето на Коалицијата ги идентификуваше искуствата во Северна Америка и Европа кои биле рангирани како најниски низ ранг на фактори поврзани со корисничко искуство, и како територии каде корисниците зголемено користат блокатори за онлајн реклами.
Овие резултати ги дефинираат првичните ‘’Подобрени Рекламни Стандарди’’ кои ги идентификуваат рекламните искуства кои влегуваат во долната граница на прифатливост од страна на потрошувачите.
6 десктоп веб рекламни искуства и 12 мобилни рекламни искуства паѓаат под оваа граница на прифатливост. Коалицијата го охрабрува пазарот да ги користи овие резултати при подобрувањето на корисничкото искуство.
“Ние сме мотивирани од тоа колку брзо оваа мулти- индустриска Коалиција беше во можност да ги истражи и идентификува досадните формати за рекламирање ‘’ рече Jason Kint, CEO на Digital Content Next. “Во ова поле потребна е дополнителна работа која треба да се заврши но ние сме насочени кон обезбедување на нов помалку досаден Интернет за просечниот корисник.
“Опсегот и природата на ова истражување обезбеди преглед на тоа како потрошувачите гледаат на различните искуства со онлајн рекламите,нагласувајќи што функционира добро и што треба да се осмисли повторно од ново со цел да се обезбеди позначајна вклученост од страна на корисниците’’ кажува Nancy Hill, претседател и CEO на 4As.
“Вкусовите на потрошувачите идентификувани во подобрените рекламни стандарди ќе бидат корисни за нашите членови кои сакаат да преземат некаква акција за да да го подобрат онлајн искуството.’’
За време на истражувањето спроведено од страна на Коалицијата , од корисниците побарано беше да читаат артикли на симулирани високо квалитетни страници со содржини и да ги оценат компаративно различните рекламни искуства со кои се соочиле.
Овие рангирања поврзани со зголемената користеност на блокатори за реклами ги идентификуваше следните типови на искуства за десктоп во рамките на иницијалниот Стандард: ‘’pop-up’’ реклами, автоматски видеа со звук, реклами со одбројување и големи реклам. За мобилната средина следните типови на реклами паднаа под Стандардите на Коалицијата: pop-up реклами, реклами со одбројување, реклами со густина поголема од 30%, анимирани реклами со силни бои, автоматски реклами со звук, реклами за цел екран со опција ‘’ scrollover’’ и големи ‘’лепливи реклами’’.
“Се надеваме дека овие иницијални стандарди ќе бидат повик за будење на поголемиот број на брендови, продавачи, агенции, издавачи, какои нивните технолошки добавувачи и дека тие конечно ќе се збогуваат со овие рекламни формати кои истражувањето откри дека им се досадни на корисниците и ги злоупотребуваат во меѓувреме’’ рече Randall Rothenberg, претседател и CEO на IAB. “Доколку погоре споменатите тоа не го направат, користењето на блокатори за реклами ќе се зголеми, рекламирањето ќе се намалува и пазарот на идеи и информации кој поддржува отворени општества и леберални економии ќе премине во заборав.”
Коалицијата планира широк ранг на едукациски активности за своите членови како и останатите од индустријата вклучувајќи презентации и учевствуво на трговски асоцијации,онференции и вебинари.
Со пошироката достапност на самото истражување, Коалицијата цели кон поттикнување на индустриските членови да ги инкорпорираат пронајденитре податоци во рамките на нивните стратегии односно истите да ги вклучат во своите напори за обезбедување на подобро искуство со рекламите за нивните потрошувачи.
Новинарите и заинтересираните страни може да научат повеќе за истражувачката методологија, за добиените податоци и инцијалните Подобри Стандарди на betterads.org.
Методологијата користена за поддршка на иницијалните Подобри Рекламни Стандарди се шири на повеќе глобални регионии на други дигитални средини или до рамките на новите рекламни искуства во претходно тестираните околини.
‘’Како индустрија имаме одговорност да пронајдеме подобри начини за подобрување на рекламирањето и содржините кои вистински ќе го подобрат вклучувањето на корисниците. Овие активности се од заеднички интерес- подоброто рекламирање води кон подобро искуство за гледачите и поефективно рекламирање на самите брендови’’ – вели Keith Weed, Chief Marketing Officer за Unilever и надополнува: “Работата на Коалицијата при идентификувањето на потрошувачките преференци низ сите рекламни формати ќе биде многу корисно како алатка и за компаниите кои градат брендови на пазарот како и за рекламните агенции и компаниите кои се рекламираат затоа што цели кон зголемување на квалитетот на рекламирањето, вклученоста на гледачите и во исто време ја поттикнува ефикасноста и ефективноста во рекламирањето.”
“Резултатите од истражувањето ќе служат како основа за LEAN Scoring System, кој во моментот е во фаза на развој’’, – Alanna Gombert, General Manager, IAB Tech Lab, и потпретседател за технологија и рекламно работење во IAB.
“Истражувањето на Коалицијата доаѓа во вистинско време и воедно корисно делува врз понатамошното работење,” изјави Leigh Freund Ceo на Network Advertising Initiative (NAI).
Помеѓу членовите и поддржувачите на Коалицијата по азбучен редослед се вбројуваат и ‘’American Association of Advertising Agencies (4A’s), AppNexus, Association of National Advertisers (ANA), BVDW Germany (rep. IAB Germany), Data & Marketing Association (DMA), Digital Content Next, Facebook, Google, GroupM, IAB, IAB Europe, IAB France, IAB Tech Lab, IAB UK, Network Advertising Initiative (NAI), News Corp, News Media Alliance, Omnicom Media Group, Oriel, Procter & Gamble, Sovrn, Teads, The Washington Post, Thomson Reuters, Unilever, и World Federation of Advertisers (WFA). Дополнителни 80 трговски асоцијации ширум светот се подржувачи на Коалицијата за Подобри реклами.
Компаниите и трговските асоцијации кои сакаат да се приклучат на оваа Коалиција може да дознаат повеќе информации околу условите на www.betterads.org.