Скопје оваа недела живее со “стартап треска“ во духот на Startup Europe Week.
На само ден пред главната конференција – “Поддршка за МКстартапс заедницата“ која што ќе се случува утре (05.02.2016) со почеток во 11ч. во ЕУ инфо центарот, ви најавувамее дел од говорниците и темите кои ќе бидат опфатени. Конференцијата е поделена во три сесии, па така:
- Во првата сесија ќе имаме претставници од различни институции и организации со кои ќе се сретнете на патот кој треба да го “изодите“ кога стартувате бизнис. Ќе дознаеме за правни работи од искусната адвокатка Мирјана Марковска, но исто така ќе имаме можност да слушнеме за можности за поддршка на стартапи од страна на ЕУ со делегатот Јаромир Левичек. Во оваа сесија ќе имаме и skype конекција со Исидоро Ласо, претставник од Европска Комисија .
- Во втората сесија, активни членови на македонската стартап заедница ќе ги споделат своите искуства, па ќе можеме да дознаеме за разликите од вработен до претприемач директно од Петар Ниновски, ко-основач на Brainster. Присутните ќе добијат “инструкции“ за во случај нивниот стартап да доживее неуспех, од Дарко Булдиоски, ко-основач на New Media МК, но и што ако успее и прерасне од стартап во компанија која вработува, од Теди Пејоски, ко-основач на G6.
- Во третата сесија, имаме говорници кои ќе не информираат за различни начини на поддршка, соработка, финансирање и инвестиции за стартапи и меѓу нив ќе бидат претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, како и менаџерот за инвестиции од South Central Ventures.
Сите говорници може да ги најдете на веќе објавената финална агенда, а вашето присуство (доколку претходно немате резервирано карти) можете да го обезбедите со праќање на маил на: skopje@startupeuropeweek.eu.