Утре во Москва ќе се одигра одигра пријателски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Русија и Србија, а блискоста меѓу двата народи беше отсликана и во тизер реклама за самиот натпревар.
Во неа главната роља ја игра популарниот актер Милош Биковиќ кој и самиот е со двојно државјанство на Србија и Русија.
На хумористичен начин рекламата ја потенцира големата поврзаност меѓу двата народи и “проблемите” кои навивачите ќе ги имаат да се одлучат која земја ќе ја поддржат на натпреварот.
Рекламава како хит се шири кај нашиот северен сосед, па ај рековме да ја споделиме ако не сте ја фатиле. Не дека има некоја кузнај-каква порака или продукциска вредност, ама па добро е да видиме дека и за настани како што се “пријателски фудбалски натпревари” се организира продукција со кастинг, локации, сценарио, снимање, монтажа и сл…..
За кого болеть, если играют две твоих страны? Самый сложный выбор в жизни Биковича 🇷🇺🇷🇸
Братский матч Россия – Сербия уже совсем скоро!
🇷🇺 или 🇷🇸? Како се одлучити за кога навијати? Најтежа животна одлука Милоша Биковића. 😅
Братска утакмица између Русије и Србије – ускоро! pic.twitter.com/MLeyVjcUFO
— Сборная России (@TeamRussia) March 18, 2024