Националната академија за телевизиски уметности и науки (NATAS) ги објави номинациите за наградите „Emmy 2020“ во повеќе категории, а меѓу нив е и категоријата outstanding commercial, во која се доделуваат наградите за најдобрите реклами.
Меѓу номинациите се најде рекламата на Амазон „Before Alexa“ која ја креираше агенцијата Droga5 London, како и рекламата на Jeep „Groundhog Day“ на агенцијата Highdive Advertising, двете прикажани на овогодишниот Super Bowl.
Покрај нив, номинирана е и рекламата на непрофитната организација Sandy Hook Promise „Back-to-School Essentials“ креирана од страна на агенцијата BBDO New York; потоа рекламата за Apple AirPods „Bounce“ на агенцијата TBWA\Media Arts Lab и рекламата „The Look“ на Проктер и Гембл, која е дело на агенцијата Saturday Morning.