Технолошкиот гигант Apple минатата недела ги претстави своите нови модели на пеметни телефони од серијата iPhone 15. Паралелно со тоа, брендот објави и неколку нови видеоспотови кои имаат за цел да го доловат чувството и функционалните карактеристики на новите телефони.
За стандарната верзија на iPhone 15 беше објавена рекламата “WOW”, која претставува динамичен колаж од снимки кои одблиску и во брз ритам ги претставуваат сите значајни карактеристики на новиот паметен телефон.
https://www.youtube.com/watch?v=XHTrLYShBRQ
За професионалната верзија на телефонот, iPhone 15 Pro, брендот објави две реклами кои, од една страна, се фокусираат на цврстиот и лесен материјал од кој е изработен (титаниум), а од друга страна – на висококвалитетните кинематографски способности кои ги нуди неговата камера.
https://www.youtube.com/watch?v=w_JEezynhrc
https://www.youtube.com/watch?v=xqyUdNxWazA
Повеќе информации за функционалните карактеристики на новите телфони можете да прочитате на официјалната страница на Apple – за iPhone 15 и iPhone 15 Pro.
















