Под притисок на ковид-пандемијата, во 2020 година Австралија одлучи да ги затвори своите граници за сите меѓународни туристи. Меѓутоа, сега, државата е подготвена повторно да им посака добредојде на сите добронамерни посетители.
Во таа насока, австралиското туристичко биро Tourism Australia лансираше нова кампања насловена “Tune onto Aus”. Централниот спот на кампањата претставува дел од поголем филмски проект кој користи 8D аудио технологија, дизајниран да им овозможи мал увид на потенцијалните посетители во богатото искуство на чувства кои ги нуди Австралија.
Филмот е создаден во соработка со австралиското електро-музичко дуо Flight Facilities, како и Симфонискиот оркестар на Мелбурн. Уникатното повеќедимензионално аудио претставува преработка на песната “Got To Have” од Џејмс Курдс, проследено со визуелен колаж од парадигматични австралиски сцени и визуелни метафори на подмладување.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Connecting Plots од Сиднеј.