Грчката национална туристичка организација, во соработка со креативната агенција Ogilvy Greece, лансираше нов туристички спот за привлекување на странски посетители во Грција.
Спотот е насловен Greekend, што би требало да значи „грчки викенд“, односно викенд како што го поминуваат Грците. Или, како што стои прашањето и одговорот во самиот спот: „Што е подобро од викенд? – Грикенд“.
Рекламата ги поканува посетителите да уживаат во природните убавини и култура на Грција, онака како што тоа го прават самите Грци. Видеото промовира прекрасни крајморски пејсажи, археологија, храна, вино, музика, шопинг… Спотот е создаден во стил на туристички влог, што му дава одредено чувство на персоналност и блискост. Погледнете: