Компанијата Ауди во 1994 година докажа дека практичноста и високите перформанси можат да одат заедно кога станува збор за автомобилите, а доказ за тоа e моделот RS2 AVANT.
RS2 Avant е базиран на моделот Audi 80 и успеа да се запише во историјата на автомобилската индустријата. Имаше безвременски и убав дизајн, а покрај тоа понуди перформанси пред своето време. Меѓутоа, стануваше збор за караван во кој може да се сместат пет лица. Тоа беше пред 25 години, а по повод 25 роденден на овај модел, Ауди одлучи да ја објави рекламата која никогаш не е емитувана.
Во реклмата Ауди ја истакна и соработката со Порше, а во финишот се прикажани модификациите и перформансите на моделот RS2 Avant.