Иако Лос Анџелес може да се чини како бескраен пејсаж на билборди од нивото на земјата, оние кои летаат над градот најчесто гледаат само кафеави или црни покриви, улични светилки и сообраќаен метеж.
Но, сега патниците кои седат до прозорецот ќе можат да ја видат и најголемата реклама на покрив во светот како најава за новата сезона на играната серија “Jack Ryan” која ќе ја има својата премиера на 1 ноември на Amazon Prime.
Покривајќи повеќе структури, рекламата зафаќа површина од импресивни 4,645 метри квадратни. Според агенцијата која стои позади рекламата, FlyBy Ads, агенцијата специјализирана за реклами на покрив, таа претставува најголемата реклама на покрив во светот и прва од својот вид која е осветлена навечер.
Кон промоцијата на новата сезона на “Jack Ryan” се приклучи и генералниот извршен директор на Amazon, Џеф Безос.
Season 2 streams November 1. Can’t wait. #JackRyan pic.twitter.com/THDtDjGIpQ
— Jeff Bezos (@JeffBezos) September 8, 2019