Филипинскиот бренд на туна во конзерва, Mega Tuna, лансираше крајно необична, па дури би рекле и бизарна реклама.
Главната премиса на рекламниот спот е дека туната е толку вкусна, што и „куќниот“ гуштер сака да ја јаде. Видеото отпочнува со сцена во која една жена јаде од конзервата со туна, уживајќи со затворени очи во богатиот вкус на големите парчиња конзервирана риба.
Тогаш камерата се фoкусира на еден гуштер кој ја гледа жената од кујнискиот таван. Се чини дека малиот гуштер е малку љубоморен на жената, исплазувајќи го јазикот додека конзервата се рефлектира во неговите очи.
После ова спотот станува уште почуден – видеото се враќа наназад, сé се превртува и улогите се менуваат. Ја гледаме истата шпица, но наместо жена, сега туната ја јаде „џиновски“ гуштер. Тој е набљудуван од страна на минијатурна верзија на жената која е залепена за кујнскиот таван, исплазувајќи го јазикот со рефлексија на конзервата во нејзините очи.
Спотот е создаден со помош на филипинската креативна агенција Gigil, за која дознаваме дека „бизарноста“ не е ништо необично, туку напротив е доста често инкорпорирана во нивните креативни дела.