Канцелариска бркотница во новата реклама на Heineken Brazil
Бразилците обожаваат Гуарана, локален безалкохолен пијалок и за оние што израснале во Бразил, тоа е вкусот на нивното детство. Неодамна, Heineken Бразил го лансираше својот нов безалкохолен производ Itubaína Guaraná и сето тоа е проследено со соодветна ракламна кампања од агенцијата Talent Marcel, чија цел е да ги потсети возрасните на нивните забавни детски денови, нешто со што можеби изгубиле контакт.
Рекламата, кој ќе се емитува на телевизија и преку дигитални канали, прикажува бркотница во една компаниска канцеларија, каде вработените се тркаат за последното шише од пијалокот и сето тоа излегува надвор од контрола. Спотот е полн со референци кон популарната култура, а создадени се и неколку различни верзии со акцент врз различни сцени, наменети кон различни таргет групи.
„Целата кампања е фокусирана кон целта да им се понуди на нашите потрошувачи искуство кое го надминува самиот пијалок,“ изјави Бруна Фаусто, маркетинг директор за Itubaína во Heineken Бразил по повод објавувањето на новата кампања.