На 29. ноември се одржа спектакуларниот настан кој ги соедини забавата, вашиот омилен пијалак и патувањето на едно место. Скопје звучеше како светските метрополи познати по големите забави, посветувајќи големо внимание на атмосферата, тематиката и многубројните изненадувања кои овозможија интеракција со присутните во текот на целата вечер. Сѐ беше во боите на Jägermeister.
Jägermeister Boat Party се одржа на Бродот на среќата. Поради автентичниот изглед на бродот кој е синоним за патување, во текот на вечерта сите присутни беа дел од забавите кои се одвиваа на три локации – Берлин, Барселона и Ибица, а секоја од нив беше проследена со автентична музика и Jägermeister шотови.
Првата станица беше Берлин. Овој дел од вечерта доминираше underground hip hop музиката заедно со DJ GOCE SAF. Од Бродот на среќата одекнуваше оваа популарна музика која предизвика воодушевување и еуфорија кај присутните. Покрај одличната музика, присутните имаа можност да уживаат и во храната автентично подготвена во боите на Jägermeister.
Втората станица беше Барселона. На неа сѐ беше во знакот на латино музиката со DJ Dukey и Conga. Гостите добија флуоресцентни алки и беа пречекани од танчерки облечени во автентична облека забавувајќи ги гостите во латино звуците. Се служеа Jägermeister коктели кои совршено одговара со пијалакот, а девојките од Сонриса танцовиот клуб се погрижија да ја вжештат атмосферата.
Забавата ја достигна својата кулминација на третата станица, Ибица. Додека траеше најавата беа поделени жижици кои присутните ги запалија на почетокот на настапот на DJ Galoski. Во текот на забавата се служеа и Jager шотови за сите присутни.
Покрај агендата и разновидната музика за сечиј вкус, вечерта беше исполнета со многу изненадувања кои никого не оставија рамнодушни. Интересни тетоважи, чаши со фотографии и подароци поради кои оваа вечер ќе се запомни како едно сосема поинакво и спектакуларно доживување.
Забавата беше приватна, а сите поканети добија креативни покани за патувањето во кое уживаа заедно со Jägermeister на Бродот на среќата.
На 29. ноември се одржа спектакуларниот настан кој ги соедини забавата, вашиот омилен пијалак и патувањето на едно место. Скопје звучеше како светските метрополи познати по големите забави, посветувајќи големо внимание на атмосферата, тематиката и многубројните изненадувања кои овозможија интеракција со присутните во текот на целата вечер. Jägermeister Boat Party се одржа на Бродот на среќата. Поради автентичниот изглед на бродот кој е синоним за патување, во текот на вечерта сите присутни беа дел од забавите кои се одвиваа на три локации – Берлин со DJ Goce Saf, латино забава во Барселона со DJ Dukey, Conga & танцов клуб Сонриса и Ибица со DJ Galoski, а секоја од нив беше проследена со автентична музика и Jägermeister шотови.Оваа сосема поинаква забава во која имаше огромна креативност од светски размери ги исполни критериумите и на најпребирливите беше во организација на Happiness.marketingПогледнете како изгледаше тоа!
Gepostet von Бродот на среќата / The Boat Of Happiness am Freitag, 13. Dezember 2019