Признајте дека отсекогаш сте се воодушевувале на тоа како омилениот хамбургер изгледа на банер, билборд и ТВ реклама…..баш сочен и вкусен…
Во прилог ви откриваме како е направена една комерцијална реклама за најсочниот хамбургер на McDonald`s во поглед на осветлување, видео графика и експертско стилизирање.
Фотографот Стив (Steve Giralt) во детали го открива целиот процес за овој тип реклами со храна, зад сцената. Како успеале да направат плескавицата и останатите состојки да слетаат совршено добро и во слоеви. “Најнапорен е моментот кога треба да се постигнат бавни движења, бидејќи тие оставаат повеќе импресии кај луѓето за разлика од реалните движења кои се побрзи во реално време“.
Со користење на специјална направа, треба да се креира снимка со навидум составен сендвич со сите состојки. Визуелно да се претстави пад на плескавицата врз лебчето, како и останатите намирници сирење, салатка, кромид, сланина, внимателно да се наредат едно врз друго на одредено растојание со помош на гумени ленти на апаратот (кои подоцна се кинат), за состојките полека и вертикално да се поклопат во слоеви. За крај, со помош на придружните “раце“ на апаратот, да се фрлат во спротивна насока кечап и сенф кои ќе се судрат, за се да изгледа толку совршено како на видеото.
По само 4 обиди, сите состојки се наместиле совршено добро, едно врз друго по потребниот редослед, така што формираа хамбургер кој личел како да е подготвен од врвен готвач.
Сега, се восхитуваме на овие инженери кои прецизно и со внимание овие клипови ги конвертираа во следнава ТВ реклама.