Погледни, авион BA475 од Барселона!
British Airways деновиве добиваат аплауза на отворена сцена, за супер интересните интерактивни билборди кои ги поставија во Лондон а на кои се анимирани деца кои покажуваат кон небото во моментот кога поминуваат авиони. Интеракцијата се случува во моментот кога на небото над билбордот ќе се појави авион, тогаш излегува едно младо момче кое ја следи траекторијата на авионот и покажува со прст кон него. Потоа на билбордот се презентира бројот на авионот и деситаницијата на која се упатува.
Целта на кампањата е уште еднаш да се потсетат луѓето колку магично патувањето со авион може да биде.
Погледнете од видеото како сето тоа изгледа: