Романскиот производител на автомобили Dacia објави нова реклама со која го промовира нивното ново теренско возило Jogger, наменето за големи семејства.
Се работи за автомобил со должина на лимузина, простор на мини-комбе и карактеристики на теренско возило, кој според Dacia е „идеален животен сопатник“ за дневните потреби на семејството, но и за остварување на нивната желба за авантура. Автомобилот е достапен во варијанти со 5 и 7 седишта.
Рекламата со која се промовира возилото користи алегорија на скејтборд кој постојано се зголемува – од простор за еден човек, до простор за цело шестчлено семејство и нивниот домашен миленик. На крај, магичниот скејтборд се претвора во Dacia Jogger.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Conseil од Франција.