На средината на месецов Toyota стартуваше билборд кампања за новиот модел на SUV возилото RAV4, насловена како “Му нема рамен”, на повеќе локации низ главниот град. Идејното решение е на маркетинг агенцијата Division, чиј креативен тим во соработка со “Калаплакат” креираа нешто несекојдневно за македонскиот пазар.
Станува збор за концепт на светлечки билборд – мегалајт, кој преку ден прикажува една креатива, на која стои возилото заедно со слоганот “Му нема рамен”. Навечер, кога ќе се вклучи осветлувањето на билбордот – креативата се дополнува со нов момент, преку една интересна игра на зборови се прави комбинација од името на моделот RAV4 и “рамен”, со што се испишува слоганот “Му нема РАВен”. Дополнително, преку лед ленти се симулира работата на предните фар светла на возилото.
Погледнете како сето тоа изгледа во следното видео.
Светските примери за комуникација преку Outdoor рекламирањето, зборуваат за иновативниот пристап на користење на адвертајзинг форматите. Различните можности и технолошки иновации оставаат простор креативците од маркетинг сферата кај нас да се изразуваат на начини кои би ги ослободиле нивните креативни ограничувања, а ова е еден одличен пример како тоа се прави на допадлив начин кој ќе направи дистинкција меѓу секојдневната и иновативната употреба на овој комуникациски канал.