Натпреварот за што повирално видео на интернет ни донесе еден куп бизарни реклами кои тешко би ги замислиле во “нормална кампања“ , но и еден куп креативни акции кои ја помрднаа границата на тоа за што мислевме дека човечки ум е способен да смисли.
Азијциве се едни од предводниците на големиот број вирални акции и видеа, измислија нов начин на медиум за адвертајзинг (види ја статијата за Thighvertising ), ги направија највиралните музички видеа (Гангам стајл мен :) ) и еден куп други вирали со нивните рекламни кампањи.
Со тенденција да стане нешто слично е и најновата акција на корејската агенција Innored со кампањата насловена “Never Stop Exploring.”, спороведена во неколку продавници на брендот “North Face”.
Додека купувачите ги разгледуваат артиклите, подот под нозете им се повлекува и за “да се спасат“ треба да користат рачки за какви што има за вежбање за качување по планини…после тоа им се вклучува штоперица која на купувачите им дава 30 секунди да го грабнат парчето облека кое ќе се појави…..“од небото“ :) Скроз се !
Погледнете: