Државната изборна комисија (ДИК) планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571 милион и 500 илјади денари или околу 8 милиони евра. Од нив, најголем дел, околу 400 милиони (околу 6,5 милиони евра) се планира да се потрошат за финансирање на медиумската кампања на политичките партии што ќе учествуваат на парламентарните избори.
-За оваа намена за Претседателските избори беа потрошени околу 3 милиони и 800 илјади евра. Сега во буџетот се предвидени нешто над 233 милиони денари, но во другите ставки имаме резерва да се дополнат некаде скоро до 400 милиони денари. Значи, има доволно средства. Сметам дека можеби ќе има потреба да се дополни оваа ставка, но ќе се обидеме тоа да го направиме со пренамена од останатите ставки каде ќе заштедиме, рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски на вчерашната седница на Комисијата.