Специјализираниот српски веб-портал за маркетинг и комуникациската индустрија, Marketing Mreža, во рамки на својата бизнис платформа AdNetwork организираше вебинар на тема: „Политички маркетинг – комуникациска анализа на предизборните кампањи“.
Панелисти на вебинарот беа Камило Антоловиќ (K&K Promocije, Хрватска), Марко Марјановиќ (Ovation BBDO, Србија) и Борис Ефтимовски (Marketing365, Македонија). Модератор на дебатата беше Ивана Парчетиќ Митиќ, основач на Marketing Mreža.
Панелистите разговараа за тоа кои се комуникациските пораки кои ги испраќаат актуелните политички кампањи во Србија, Хрватска и Македонија, колкава е јаснотијата и прецизноста на политичката комуникација, што може адвертајзингот да ѝ понуди на политиката, колку се креативни политичките слогани, кои се најефикасните комуникациски канали и дали изборите во 2020 година можат да се победуваат преку социјалните мрежи.
Целосниот вебинар можете да го гледате во продолжение: